Од Општина Аеродром соопштуваат дека денеска почнува голема еко – акција со која се уредуваат јавните зелени површини кои се под нејзина надлежност.
Комуналните служби на Општина Аеродром, почнувајќи од населбата Мичурин, во наредните денови ќе ги опфатат сите реони, а пролетната акција вклучува косење трева, собирање гранки и шут, како и метење на улиците и паркинзите.
Исто така, во текот на месец април е планирана и акција за расчистување на дивите депонии на различни локации во општината.
Истовремено, со цел подигање на еко-свеста кај населението, инспекциските служби на Општина Аеродром, започнуваат едукативна кампања, преку која на терен ќе ги информираат граѓаните за Законот за јавна чистота и казните кои следуваат за негово непочитување.
covek neznae dali da place ili da se smee se e ova LAZGA ili pak todor cangov ne e vo opstina aerodrom mozda se vo zelenikova a gradonacalnice