Библиотеката е сместена во селцето Задњи Требањ, Чешка, и во нејзината изградба учевствувале само нејзините архитекти, т.е. студиото Mjölk architekti. Конструкцијата е изведена од природно дрво и фурнир. Во носечката конструкција, во рамка се сместени елементите од библиотеката, додека фасадата е покриена со стаклена волна.
Првиот кат ја опслужува просторијата за читање, а на вториот кат се наоѓа катчето за одмор со отворени визури кон пространиот природен пејзаж. Отворениот покрив пак, овозможува библиотеката да се користи како видиковец.