Комплексот “Slippen” се наоѓа во Норвешка во областа Lower Malmо, на излезот од реката Mandalselva во Mannefjord. Проектиран е 2016 година од архитектонското биро Reiulf Ramstad Architects (RRA) од Осло.Градот Мандал има некои многу посебни квалитети со својата локација каде што реката се среќава со морето и убава дрвена архитектура.
Lower Malmо на источната страна на реката историски е индустриска зона, моментално е во развој и во иднина ќе стане витален дел од животот во градот. Објектите се со уникатни форми на кров и минимални детали, а истовремено го евоцира карактерот на околината, земајќи ја својата инспирација од уникатниот карактер на Мандал, средбата помеѓу градењето од дрво и отворено море. Архитектурата е вкоренета во локалните народни традиции, но со ново и модерно толкување.
Проектирани се четири станбени згради околу една заедничка надворешна површина. Најдолгиот објект се наоѓа на север. Кон речниот брег поставени се три помали станбени објекти. Поставеноста на објектите овозможува поглед од сите станови кон океанот, како и многу сончева светлина во заедничките отворени простори.
Зградите содржат 46 апартмани поделени во 16 различни типови. Големината на становите е од 65м2 до 175м2. Сите станови имаат балкони. Становите на последниот кат имаат свои тераси на кровот.
Проектот е целосно во согласност со норвешките барања за универзален дизајн.
Зградите се со покриви инспирирани од локалната градежна традиција на јужна Норвешка. Фасадите и покривите обложени се со кедар. Голем акцент е ставен на односот помеѓу надворешните простори и заедничките функции.
Сите распореди на апартмани се квалитетно организирани,со акцент на обезбедување дневна светлина, отворени погледи и добар проток помеѓу затворените и отворените делови на објектите.