Кинеското студио MAD ги објави нацртите за музејот посветен на креаторот на франшизата Star Wars, Џорџ Лукас, а кој ќе ќе биде изграден во Лос Анџелес. Музејот изгледа футуристички, како во филмовите. Работите се веќе започнати, а на сликите може да се забележи дека зградата е заоблена и се гледаат промените на покривот. Посетителите ќе можат да се движат по покривот и да имаат поглед на паркот Exposition во Лос Анџелес. Исто така, ќе може да се движат по уредени патеки околу објектот и да минат низ џиновскиот лак на средината. Внатрешноста се протега на 9,2 илјади квадратни метри, каде ќе бидат изложени уметничката колекција на Лукас и неговата сопруга, како и сувенири од филмовите. Лифтовите во облик на цевки, направени се во стакло. Ќе бидат направени и простори за едукација и продажба. Музејот би требало да биде отворен во 2021 година.
Првобитно музејот требало да биде изграден во Чикаго, но се појавиле проблеми со градските власти во врска со локацијата. Во Лос Анџелес оваа идеја ја прифтиле со „раширени раце“.