Летните одмори конечно
земаа замав. Ако работите во
градежништво, без разлика
дали сте градежен инженер,
архитект, електро или машински
инженер, сосема е веројатно
дека летото ќе го поминете
работно. Практично, градежните
професионалци се навикнати
да работат кога сите одмораат и
обратно: одмор зиме (или на есен)
кога сите останати работат.
Верувам
дека на многумина тоа им пречи, но
се свесни дека тоа е жртва која ја
бара професијата. Сепак, мора ли да
биде така? Одговорот е не, барем не
секогаш. Некои позиции и работни
задачи бараат постојано присуство
на определена локација и тука нема
многу простор за манипулација.
Но, верувам дека значаен дел од
професионалците можат нешто да
сменат во користењето на летните
одмори. Во екот на градежната
сезона, секој човечки ресурс е
битен, иако можеби неговата
локација и не е баш толку битна се
додека тој ресурс ја извршува својата
задача. Некои проектни менаџери,
проектанти, консултанти и други,
својата улога можат да ја вршат и
од некоја друга локација, притоа
користејќи ги целосно можностите
што ги нуди информатичката и
телекомуникациската технологија.
Ако во вашата компанија новите
технологии не се применуваат, знајте
дека со евентуално нивно воведување
можно е да си издејствувате
Одобрение за користење на годишен
одмор во период кој толку многу го
посакувате. Како тоа функционира?
Едноставно и евтино. Потребни ви се:
Телефон Со мобилниот телефон
сте во комуникација со канцеларијата
каде и да сте. Цените за роаминг
се навистина прифатливи, а ако
поседувате „паметен“ телефон,
практично имате мала канцеларија со
себе. Можете да користите мобилен
интернет за размена на фајлови, да
испраќате и добивате фотографии,
да едитирате и креирате едноставни
документи итн. Само за опомена,
цената на „паметните“ телефони и
не е толку голема колку што можеби
си мислите. Згора на тоа, цените
постојано паѓаат, а понудата станува
се попривлечна. Можеби е време
да поседувате еден Блекбери, ХТЦ,
некоја добра Нокиа, па дури и АјФон.
Интернет Интернетот денес
претставува економичен медиум
за комуникација. Евтин е и го има
скоро секаде. А некаде и бесплатно.
Ако сте на некоја уредена плажа,
тогаш шансите да сте во домен на
бесплатна бежична интернет мрежа
се навистина големи. Практично
голем број плажи, да речеме во Охрид, ја нудат оваа поволност.
За хотелите и баровите да не
зборуваме. Ви треба телефон или
уште подобро – компјутер. Со шешир
на глава и коктел в рака, под чадор на
плажа, уживате во работата надвор од
канцеларија. За опомена е дека веќе
неколку години во Македонија се
нуди и опцијата за мобилен интернет,
познат како web’n’walk, кој целосно
функционира и кога не сте во домен
на некоја бежична интернет мрежа.
Компјутер Денес, по се изгледа
дека е избледнета дефиницијата
што е тоа компјутер. Генерално тоа
е мулти функционален уред за кој
сите се согласуваме дека е прилично
корисен, но се јавува во неколку
типови кои и покрај се, се разликуваат
во големината на екранот. Па така,
без разлика дали користите „паметен“
телефон со 3 инчен екран, ноутбук
со 10 инчен екран, или лаптоп со
15/17 инчен екран, функционалноста
не ви е доведена во прашање.
Топ менаџментот генерално
избира „паметен“ телефон, некои
професионалци одбрираат ноутбук,
додека повеќето користат лаптоп.
Софтвер За софтверот и нема што
многу да се зборува, освен тоа што
постојат софтвери кои овозможуваат
испраќање на документи на факс
машина на примателот, со што е
надминат проблемот со испраќање
на факсови како дел од официјална
комуникација на проектите. Исто
така, постојат софтвери кои
овозможуваат реално временска
тимска работа и комуникација.
Камери Во определени случаи,
редовните тимски состаноци
се од големо значење, па
телеконференциите се исклучително
важни. Со помош на веб камерата,
интернетот, компјутерот и
конференцискиот софтвер, станувате
дел од состанок на кој сите членови
на тимот можат да бидат на различни
локации, без притоа да има какви
било проблеми со врската. Преку
Remote Desktop опциите можете,
додека сте на плажа, да се приклучите
на компјутерот во својата канцеларија
и да сработите нешто со документите
складирани на тој компјутер.
Сосема ретко, но камерите за
видео надзор во канцеларијата
или градилиштето, можат да бидат
„вашите очи“ на местото кога
се случуваат битни работи.
Значи видовме дека локацијата не
е секогаш од пресудно значење
за извршување на задачите и дека
новите технологии можат да ни
помогнат во спојувањето на работата
и одморот. Некој ќе каже, каков ли
е тој одмор кога работата се носи
со себе? ОК, во право сте: сите
преферираме одмор без обврски.
Но ако тоа не е можно, новите технологии се тука да ни помогнат,
додека работните задачи можеме
да ги дозираме по потреба.
Од многумина се бара активно или
пасивно учество во проекти додека
го користат летниот одмор. Некој
можеби ќе проектира додека е на
одмор, а друг само повремено ќе
прима извештаи. Топ менаџментот,
на пример, ќе добива извештаи и
ќе издава наредби, консултантот
ќе советува, додека средниот
менаџмент и останатите можеби
и ќе треба да сработат нешто
повеќе. На крајот на краиштата,
дури и целосно да бидете заменети
од колегите додека сте на одмор,
од вас може да се бара да бидете
достапни за комуникација, ако ништо
повеќе тогаш барем да дадете некоја
инструкција или да одговорите
на некои прашања поврзани со
работата што ја извршувате.
Некои примери од странските
контакти кои ги имам, покажуваат
дека користењето на новите
информатички и комуникациски
технологии се значаен предуслов
при користењето на летниот одмор.
Постарите колеги сигурно би
имале куп забелешки, но помладите
знаат дека телекомуникациската
и информатичката технологија се
составен дел од нашиот живот,
па дури и кога се одмораме.