Замената на старото улично осветлување во Европа со паметно, би можела да создаде годишна заштеда од 2,1 милијарди евра, вели Натан Пирс, директор на програмата на ЕУ, Sharing Cities. Моментално, секоја година се трошат 3 милијарди евра на инфраструктура за улично осветлување во Европа, а Пирс тврди дека овие трошоци може да се сведат на 900 милиони евра. Новото, паметно осветлување би трошело 70% помалку енергја, а освен енергетската заштеда овој концепт има и други придобивки. Паметното осветлување може да го следи загадувањето на воздухот, но и да ги насочува возилата кон слободните паркиралишта и паркинг места со што би се решиле гужвите во сообраќајот и би се намалило загадувањето на воздухот предизвикано од сообраќајот.