На пазарот на недвижности во Њујорк неодамна се најде стан што се продава за неверојатни 125 милиони долари (со месечни трошоци во износ од 47 илјади долари) и на тој начин официјално стана најскапиот недвижен имот во Њујорк, соборувајќи го рекордот на пентхаусот One 57 по цена од 110 милиони долари.
Станот ги зафаќа 41, 42 и 43 кат на хотелот и овозможува непрекинат поглед на Менхетн, Централ Парк, Хадсон и Ист Ривер, додека внатрешноста е раскошно украсена и инспирирана од дворецот Версај. Според продажната понуда, дневната соба се смета за една од најфасцинантните приватни соби во светот. Станот се состои од четири тераси, пет главни спални, шест бањи, пет камини, како и дополнителни соби и сместување за помошниот персонал.
Овој имот пред 15 години го купил берзанскиот аналитичар Мартин Цвајг, познат по неговото предвидување на падот на пазарот во 1987 година, само три дена пред падот навистина да се случи. Цвајг, кој починал минатата година на возраст од 70 години, го купил станот за 21,5 милиони долари што било, исто така, рекорд за тоа време.