Насловна / Вести / Не одиме во странство, работа има и дома

Не одиме во странство, работа има и дома

rabota_ima_doma.jpgМладите инженери се помалку
се обидуваат да заминат на
работа во странство, затоа
што во нашата земја можат лесно да
најдат работа. Не се платени како на
Запад, но можат солидно да заработат
и дома, велат тие. Башка, овде може
да се стекне големо искуство затоа
што се градат објекти на секој чекор.

Истражувањето на Порта3 покажа
дека бројот на млади невработени
градежни инженери рапидно се
намалува. Исто така расте интересот
за студирање на факултетите за
градежништво во Македонија.
Во академската 2009/2010 година
дипломирале 194 студенти, од кои на
насоката градежништво 71 студент, на
геодезија 55 студенти и на геотехника
17 студенти. Студент кој го завршил
студирањето со највисок просек е
Симона Марковска, дипломиран
градежен инженер на конструктивна
насока со просек 10.00 и добитник на
Инженерски прстен од Инженерската
институција на Македонија. Добитник
на наградата од АД АДИНГ е Душко
Митевски, дипломиран градежен
инженер на конструктивна насока,
со просек 9.40, за изработена
најдобра дипломска работа.
Земајќи ги предвид податоците
четири години наназад, бројот на
дипломирани студенти континуирано
се зголемува. Во 2006/2007 имало
248 запишани, а дипломирале
89 студенти. Во 2007/2008 се
запишале 209, а дипломирале
96 студенти. Во 2008/2009 се
запишале 191, а дипломирале 109
студенти. За оваа година податоците
се 194 запишани студенти, наспроти
143 дипломирани студенти.
градежен инженер – едно од петте
најпожелни занимања во СаД
.

 

Градежен инженер е едно од петте
најпосакувани занимања на Запад,
според анализата на Investopedia од
САД. Психотерапевтите, софтверските
инженери, масажерите, составувачите
на текстови за нови технологии,
исто така се атрактивни занимања
за младите луѓе особено во САД,
затоа што во овие професии лесно
може да се заработат големи пари.
Мотив да се одбере професијата
градежен инженер, освен добрата
плата, е и сигурната иднина што ја нуди.
За градежните инженери се вели дека
иако градбата на инфраструктурата
и зградите не е работа без стрес,
фактот што тие работат во тимови го
намалува психолошкиот притисок.
Роковите во оваа професија главно
се мерат со години и всушност
поголемиот дел на инженери
имаат доволно време за изработка
на проекти, пред градежната
фирма да започне со работа.

rabota_ima_doma2.jpg

 

Во Македонија се добиваат
солидни дипломи

 

Мотивите за запишување на
студентите на Градежен факултет
се различни. Некои студенти се
водени од сопствената желба,
други по совет на родителите.
Некои се водени од можноста за
брзо вработување по студиите.
Младата градителска фела се
здобива со квалитетната едукација,
стручно оспособување и можност
за подигнување на нивото на развој
на целокупното наше општество.
Но, тоа претставува само почеток
на патот што го определуваме со
запишување на определен факултет.
Потоа следи вработување на
дипломираните студентите и тие
притоа имаат неколку можности:
вработување во проектантско биро
тука во државата, или заминување во
странство во потрага по работа. Друга
можност е продолжување на своето
образование на постдипломски
студии или уживање определен
период во живот без обврски.
Еден дел ќе заврши и на бирото
за вработување. Сепак, брзо се
наоѓа работа за градежници.

 

 

Се помалку градежни инженери
чекаат работа на шалтер

 

Според податоците од Агенцијата
за вработување на Република
Македонија, бројот на евидентирани
лица во Агенцијата со стручно
образование од профилот
дипломиран инженер и дипломиран
геодетски инженер, за пет години
наназад се намалува. Во 2006
имало пријавени 226 градежни
и 16 геодетски инженери.
Во 2007 г. имало пријавени 186
градежни и 16 геодетски инженери.
Во 2008 г. имало пријавени 146
градежни и 11 геодетски инженери.
Во 2009 година имало пријавени
125 градежни и 9 геодетски
инженери. Годинава до 31 мај, како
невработени се евидентирани 102
градежни и 5 геодетски инженери.

 

Врз зголемување на вработувањето
влијаат состојбите на пазарот на
трудот, како и понудата на слободни
работни места. Дополнителните
вештини и знаења на лицата што
бараат работа ја зголемува нивната
конкурентност на пазарот, а со
тоа и нивната можност за побрзо
вработување. Сепак, бројките
будат оптимизам и би требало
да се доволна стимулација за
запишување на овој факултет, а
на запишаните студенти мотив
за што поскоро завршување.
На свечената промоција на
магистранти и дипломирани
студенти, деканот проф.д-р
Петар Цветковски посочи дека
факултетот овозможува квалитетно
и компетитивно образование.
Факултетот е во постојана соработка
со стопанството, првенствено со
градежната оператива, црпејќи
сознанија од нивните искуства и
нудејќи ги за возврат резултатите
од сопствените истражувања.

Испрати коментар

Scroll To Top