Во Женева е во тек 88-миот, Салон на автомобили 2018, кој ќе трае до 18ти март. Преку 180 изложувачи прикажуваат околу 250 нови модели. Вредноста на овој саем е во тоа што е посетен и од и Германци и од Французи, но од неодамна и од Кинезите кои се подготвуваат за влез на eвропскиот пазар. Во моментот автомобилте на електричен погон се најголем хит, а речиси сите поголеми производители најавуваат до 2025 година промена на погонот од бензин и дизел на струја. И покрај новите технологии кои имаат електрична платформа, сепак некои автомобили на бензин и дизел и натаму се во фокусот. Така, во Женева е лансиран новиот ауди А6, со автономно возење. Претставен е и првиот електричен „јагуар“. Фолксваген“ претстави четири нови концепт автомобили, кои се негов адут за иднината..„Бентли“ го изложи новиот хибрид наречен „бентагу“, а и натаму најдобар и најбрз е „бугати чирон“, кој сега има 1.500 коњских сили и достигнува 480 km/h. Цената е „само“ три милиона евра.