Насловна / Арт и дизајн / Ретроспективна изложба на Томе Серафимовски во Белград

Ретроспективна изложба на Томе Серафимовски во Белград

Во галеријата на РТС во Белград до 4 април ќе биде поставена ретроспективна изложба на познатиот македонски академски скулптор Томе Серафимовски.

На изложбата ќе бидат претставени 70 скулптури и 11 цртежи од колекцијата на фамилијата на Серафимовски, или вкупно 81 дела, колку што тој имаше години кога почина, во март 2016 година.томе

Како што соопштија од РТС, со организација на оваа изложба, во годината кога се одбележувааат шест децении постоење, РТС сака да „изрази благодарност и сеќавање на еден од најзначајните скулптури на овој дел од Европа, пријател на Белград, на Србија и на Јавниот медиумски сервис-РТС“.

– Серафимовски ги збогати засекогаш нашите животи со убавината на творештвото и со духот, силината на делата кои ги создаде и за чиј уметнички домет, без сомнение ќе говорат идните генерациции, наведуваат организаторите на изложбата.

Томе Серафимовски, кој беше член на МАНУ и на САНУ, има созадено дела кои се наоѓаат во приватни збирки ширум светот, како и во повеќе галерии и музеи.

Тој на градот Белград во 2005 година му подари монументална скулптура на просветителите – светите браќа Св.Кирил и Методиј која се наоѓа во паркот на Вуковиот споменик, а негови дела можат да се видат во фоајето на Народното позориште-портрет на Мија Алексиќ, како и на Ѓура Јакшиќ во Скадарлија, донација на дела во САНУ, во Народниот музеј на Ваљево и др.

По повод 80-те години од животот и 60-те години творештво, РТС снимаше ТВ филм за неговиот живод и делото, со наслов „Извајаниот Балкан“. Документарниот портрет за Серафимовски е снимен во Македонија, во режија на Иван Поповиќ и во сценарио на Светлана Илиќ.

Последната изложба на Томе Серафимовски во Белград беше во 2012 година во Галеријата на САНУ. Тоа беше изложба „Балканско соѕвездие“ на скулптури на 24 потретисани историски личности. (МИА)

Испрати коментар

Scroll To Top