Италијанската новинска агенција ANSA, известува дека Тунис ќе вложи 5 милијарди УСД во енергетиката во наредните две години. Како што с еистакнува, се работи за дел од стратегијата за остварување на енергетска сигурност, диверзификација на енергетските извори и обезбедување на одржлив развој. Овие средства, меѓу другото ќе бидат инвестирани и во проектот за нов подморски далековод кој треба да ги поврзува Тунис со Сицилија, и кој се проценува да чини околу 600 милиони евра, потоа во нова соларна електрана, како и во комбинирана термоцентрала во Радес со инсталирана моќност од 450MW, што ќе започне со работа во 2019 година.