Студиото INNOCAD Architecture е автор на уредувањето на ентериерот на канцеларијата на компанијата Samsung во Виена.
Задачата на овој проект била да се создаде инспиративна, комуникативна и функционално оптимизирана работна средина во рамките на постојните деловни простории на Samsung во Австрија.
Најважно било, според архитектите, да се земе предвид дека денешните работници бараат услови кои овозможуваат дијалог, средби и вмрежување, но, исто така, мир и тишина за концентрација. Целта на овој концепт била да се поттикне интеракцијата и на тој начин да се добие неформална комуникација меѓу вработените и да се обезбеди комуникациска инфраструктура, но во простор кој ќе го следи корпоративниот стил на уредување на канцеларијата во стилот на Samsung.