Именуван Куќа – Галерија, објектот истовремено опслужува две основни функционални програми, позициониран на типична сингапурска парцела, помеѓу две соседни издолжени партиции.
Со цел да се обезбеди потребното природно осветлување во издолжената внатрешност, изведена е серија од перфорации во фасадата и покривот каде се сместени мали зелени градини. На тој начин се креира комплекс од напластени простори, соединувајќи ги ентериерот и градскиот пејзаж.
Функционалните простори со необични форми се позиционирани ритмично и неочекувано, парцијално преклопувајќи се меѓусебе или делејќи ги визурите кон внатрешните кањони. Најголемиот од нив го сорджи главното скалиште кое неформално се извива помеѓу содржините долж фронтот и задниот дел на објектот.