Насловна / Вести / Истиснување на јагленот од производството на електрична енергија

Истиснување на јагленот од производството на електрична енергија

REK_Bitola2
Македонија во 2022 година да престане да произведува електрична енергија од јаглен, предвидува студијата изработена од проф. д-р Стефан Бужаровски и д-р Стивен Глин од Универзитетот во Манчестер заедно со Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест од Скопје.

– Целта на студијата е да даде одговор дали е можно во Македонија да се произведува електрична енергија без фосилни горива, – истакна Ана Чоловиќ Лешоска од Еко-свест на денешната прес-конференција.

Таа посочи дека Еко-свест смета дека приоритет на Македонија треба да ѝ биде вложувањето во енергетска ефикасност и нови обновливи извори на енергија (ОИЕ).

deponija_REK_Bitola
Студијата, како што рече Невена Смилевска од Еко-свет, предвидува три сценарија. Првото сценарио „А“ се заснова на намалена потрошувачка на електрична енергија, второто „Б“ предвидува голем удел на ОИЕ во производството и статична потрошувачка, а третото „В“ голем удел на ОИЕ и намалена потрошувачка на електрична енергија.

– Студијата покажува дека речиси 80 отсто од електричната енергија може да се произведува од ОИЕ. Предвидува во 2022 година Македонија да го исклучи јагленот од производството на електрична енергија. Доколку се примени сценариото „В“ до 2050 година 79 отсто од електричната енергија ќе се добива од ОИЕ, а во случај на сценариото „Б“ во 2050 година 59,7 отсто од енергијата ќе се добива од ОИЕ, а остатокот од гас, – рече Смилевска.

Се предвидува, додаде таа,  кога некоја постојна термо електрана треба да се исклучи од работа и со која динамика да се внесат нови ОИЕ, пред се фотоволтаици, ветерни електрани, и термоелектрани на геотермална енергија и отпадна био маса.

Испрати коментар

Scroll To Top