Комисијата што ја формираше градоначалникот на Центар Андреј Жерновски утврдила дека во центарот на Скопје нелегално се поставени спомениците на Цар Душан, Аминта Трети и Пердика, јавуваат македонските медиуми.
Денеска општина Центар ќе излезе со повеќе детали за состојбата со спомениците на мостот „Око“.
Жерновски на прес-конференција во рамките на обуката за млади новинари во организација на здружението „Член 16“, откри дека неделава ќе го достави извештајот од внатрешната ревизија од кој ќе се види дали споменикот на Цар Душан е дивоградба.
Тој нагласи дека за сите споменици поставени без одобрение ќе се испрати служба која ќе треба да ги отстрани.