Насловна / Архитектура / Гламурозно кампување

Гламурозно кампување

kampuvanje_7 kampuvanje_6

Проектот на корејското архитектонско студио ArchiWorkshop засекогаш ќе го промени вашиот став за кампување. Кампување и гламур не оделе секогаш рака под рака, но со овие футуристички шатори кои личат на мали светлечки живеалишта, кампувањето отиде чекор понатаму во функционална и естетска смисла. Кампот се наоѓа во Yang-Pyeong, Јужна Кореја, во близина на долината Jungwon и важи за омилено викенд одморалиште на многу Корејци.

kampuvanje_5 kampuvanje_4
Прекрасната природа и пријатни температури го прават ова место идеална летна локација која е одлична за бегство од врелиот градски асфалт, а од сега Корејците и во зима имаат можност да поминат неколку ноќи во овие интересни живеалишта.

kampuvanje_1
За да им овозможи на туристите мирен ноќен престој, тимот на студиото ArchiWorkshop дизајнирал два сета на шатори кои се опремени со кујни, тоалети, кревети, па дури и внатрешни прегради насликани од познати улични уметници.

kampuvanje_8 kampuvanje_3

Испрати коментар

Scroll To Top