Станбениот комплекс кој се наоѓа во северниот дел на Измир, Турција. Се протега на површина од 100 илјади метри квадратни. Проектиран е од архитектонското биро Teget. Локацијата е на стрми падини кои имаат разлика на висина од 60 метри. Објектите се континуирано нанижани по една крива линија која се простира и расте во приватни, станбени простори и јавни, заеднички, социјални содржини.
Кривата по должина ги следи падините на локацијата, овозможува низа на јавни и приватни простори, вклучувајќи кафулиња, книжарници и заеднички простори за игра и рекреација и создава динамична и разноврсна слика на просторот. Овој комплекс овозможува уникатни погледи на зелени полиња долж коридорот, отвара спектар на различни секвенци по должина на целата крива.
Архетипскиот дел од проектот се состои од континуиран подземен приод помеѓу паркинзите од двете страни, пешачката улици погоре и станбените објекти кои се прикачени кон неа. Оваа шема овозможува оптимизирани растојанија помеѓу паркинзите и станбените единици, што исто така помага да се добијат повеќе зелени површини со вградување на паркинзи под земја.
Во Турција ова е најголем проект на кој му е доделен Breeam сертификат. Ова е едно одржливо и квалитетно решение за станбено живеење.