Насловна / Архитектура / Добре дојде за новата ера на дрвото

Добре дојде за новата ера на дрвото

Кога облакодерот „Ингалс“ во Синсинати во Охајо (САД) беше изграден и пуштен во употреба во 1903 година, никој не верувал дека тој ќе стои еден век подоцна. Всушност, најголем дел биле на мисла дека нема да ја преживее ни ноќта. Но, 16-катната зграда која била и прва изградена од бетон во историјата покажала издржливост, бидејќи претходно бетонот бил само експериментален материјал, а челикот бил доминантен при конструкцијата на згради.

Медиумите во тоа време, биле едногласни дека зградата ќе се сруши, па само шпекулирале што би било причината. Дека ќе се сруши од сопствената тежина, па дури и тврделе дека ќе биде „оддувана“. Легендата вели дека кога конструкцијата за поставување на бетонот била ставена, сите очекувале дека по отстранувањето, бетонските платформи ќе паднат. Еден новинар дури не спиел, цела ноќ бил дежурен покрај објектот очекувајќи да биде првиот кој ќе има ексклузивни снимки од промашувањето на векот и рушењето на објектот.

Сега, во 2017 година, во време на секаква техничко-технолошка револуција се појавува концептот за дрвени облакодери. Ваквата идеја, нè навраќа на моментите за зградата од пред еден век. Исто како и тогаш, многумина денес овој концепт за дрвени облакодери го сметаат за смешен, неиздржан, банален или историска грешка. Во стилот на приказната за трите прасиња, многумина веќе кажуваат дека ваков облакодер или ќе биде дувнат, или ќе изгори или просто кажано ќе изгние. Но, дали е навистина така?

Ола Џонсон од компанијата „Молер архитектс“ која го предложи првиот дизајн на дрвен облакодер вели дека дрвото како градежен материјал има свои предности и погодности. Всушност, нивниот дизајн за облакодер од дрво на 34 ката доби и престижна награда.

За почеток, брзо ќе се гради имајќи предвид дека челичните облакодери и ден денес се комбинираат со бетонски подови кои се сушат со недели. Тоа се неколку недели по кат. За разлика од ова, дрвените подови можат прецизно да се направат во фабрика и да се монтираат за само неколку часови – вели таа.

Како втора погодност, се посочува проблемот со тежината. За изградба на зграда од челик и бетон потребни се дузина машини, и тоа за обична неколкукатна зграда. Колку повеќе катови, толку повеќе машини, а со тоа и повеќе тежина која треба да се балансира и поставува со секој кат нагоре. Тука спаѓа и оксидацијата и реакцијата на железото со кислородот и емисијата на јаглерод на која во светски рамки на годишно ниво отпаѓа најмалку 5-8 %. За разлика од ова, дрвото е прочистувач на јаглеродот и го враќа назад како кислород кој му е потребен на живиот свет за дишење.T3 drvena zgrada vo Mineapolis-4

ТЗ дрвена зграда во Минеаполис, САД

Денес полека и скромно, дрвени облакодери никнуваат низ целиот свет, од Норвешка до Нов Зеланд. На пример, постои зграда од 18 ката која е наречена T3 во американскиот град Минеаполис, а која е изработена од борово дрво, и во нејзината кора дури има и мали бубачки, мал штетник на инсект кој живее во нивната кора. T3 drvena zgrada vo Mineapolis-1Тука е „HoHo“ кулата од 60 милиони евра, елегантен објект од смрека кој во моментов се гради во Виена, а вреди да се спомене и возвишената 133 метри висока кула „Trätoppen“ која ќе се гради во Стокхолм. Преведено од шведски, тоа значи „седнати на дрво“, бидејќи објектот ќе се гради на поранешен паркинг-плац кој датира од 1960 година.HoHo zgrada od drvo vo Viena-5

„HoHo“ дрвена кула во Виена, Австрија

HoHo zgrada od drvo vo Viena-3

Секако, оваа идеја за промовирање на дрвото како градежен елемент за облакодери, не им се допаѓа на осигурителните друштва кои сметаат дека ќе имаат многу проблеми. Но архитектите кои ја застапуваат оваа идеја, велат дека новите форми на иверици од дрво, стануваат сè поавтентични и прават специјални групи на дрво кои нудат капацитет и безбедност за ваквите проекти. Архитектите потсетуваат дека со векови наназад, дрвото и каменот биле основните елементи за градба при што го посочуваат кинескиот „Сакјамуни Пагода“ храмот кој е еден од најстарите градби од дрво. Wooden Pagoda

кинескиот храм „Сакјамуни Пагода“

Тој не само што е направен од дрво, туку нема ниту еден клинец или завртка што би ја држеле целата структура. Тој е доказ за едно градежно чудо од дрво. Вештите дизајнери ја креирале оваа 67 метри висока пагода која сè уште стои без проблем по цели 900 години од градењето. Таа сè уште се смета за највисоката дрвена структура во светот, барем до изградбата на „HoHo кулата во Виена. Таа преживеала вековни потреси како што се земјотресите. Успеала да преживее седум земјотреси од кои најсилниот бил во 1556 година кој убил близу милион луѓе во Кина. Кога земјотресот почнува, кулата се ниша што води до балансирање на катовите па токму од тие причини, речиси сите куќи во земјотресно подрачје какво што е на пример Нов Зеланд се направени од дрво.

Архитектите посочуваат и потсетуваат дека со векови, дрвото беше главен градежен материјал за изградба на куќи, станови, продавници, па дури и катедрали и фабрики. Суровото дрво од шумите се смета за доста отпорен материјал. Доколку се одржува суво, без многу влага, тоа ќе трае со векови – велат експертите.

Доказ за тоа се бројни објекти од дрво кои денес имаат карактер на историски споменици. Од куќите на семејството Тудор во Британија, па сè до првите цркви од бор направени во Норвешка од типот на дрво кој се вика „малмфуру“. Тие не само што се изградени и стојат, туку со древни материјали се заштитени од влага и дожд. Се користел измет од животни, кал или дрвена смола која и ден денес успешно ги штити од гниење и распад.

F7C3F4

дрвена црква во Норвешка

Засега еден од највисоките објекти е „Брок Комонс“, станбена зграда на Универзитетот во Британска Колумбија. Просторот за лифт е направен од бетон, но сите греди, столбови и подови се направени од дрво. Додека влегувате во зградата, воопшто не го гледате дрвото, а тоа е поради безбедносни причини и избегнувње на пожар, но целото дрво е покриено со огноотпорни гипскартони.

Главната грижа за повеќето облакодери е нивната чиста тежина. Материјалот од кој се изградени мора да биде доволно силен за да ја поддржи сопствената основа или структурата ќе се распадне. Токму поради тоа сите беа толку загрижени за зградата „Ингалс“ во почетокот на 20 век. Но, дрвените згради се толку лесни, па главниот предизвик не е да ги задржат надолу, туку да не „одлетаат“. Додека се искачувате повисоко, ветерот станува побрз и посилен на врвот. На пример, на највисоката зграда во светот, „Бурџ Калифа“ во Дубаи, ветрот може да достигне 150 километри на час. Овие странични сили со години се водечки фактор во нивниот структурен дизајн. Колку е потешка зградата, толку подобро. При посилни ветришта, „Трамп кулата“ во Њујорк имала голем степен на нишање, но таа иако е совршено безбедна, сепак морале да ја засилат со бетонски столбови во 1995 година. Еден начин да се надмине ова во дрвените згради е да се направи бетонско јадро, но некои архитекти на ова гледаат како на мамење. Во тој случај, немаме дрвени облакодери.

Ова нè доведува до вториот проблем. Иако панелите од дрво се извонредно силни поединечно, има голем предизвик за тоа како да ги закачите заедно. На овие катови од дрво, клинците и завртките не ја вршат комплетно работата. За да се спречи дувањето на градбата, ви требаат многу ѕидови и подови, вели Џонсон.

Во станбените згради, ова не е проблем, бидејќи таваните не треба да бидат толку високи и архитектите може да ја издвојат зградата во соби и посебни простории. Но, отворен план како што се канцеларии и продавници се вистински тест. На одредена висина, овие згради имаат потреба од уште посилно зацврстување, како што се челични шипки што се протегаат од дното до врвот на објектот. Да не зборуваме дека просторот е поотворен, без соби, честопати со големи ходници и простории кои имаат и над 100 квадрати во кои се сместени одделенија со десетина вработени. Ова се само некои од причините поради кои технички сè уште не постојат дрвени облакодери. Комитетот за стандарди врз база на податоците за градба вели дека облакодерите треба да бидат најмалку 100 метри високи и тоа е далеку над висината на која било дрвена зграда која во моментов се планира.

За некои дизајнери, обидот за градење облакодери од дрво како материјал се третира како еден вид на покажување мускули, храброст или снобовско истакнување.

„Треба да градиме со дрва поради еколошки причини“, велат тие, но други тврдат дека потребата да се изгради највисока кула од дрво е само манифестација на егото на архитектот. Освен намалувањето на CO2, дрвените објекти имаат многу подобри еколошки квалификации низ целиот круг. Според Murray Grove групацијата во градот Хакни, луѓето не користат загревање, бидејќи дрвото е многу добар изолатор.

Некои и го потврдуваат тоа и нагласуваат дека затоа би било прекрасно да се направи една 100 метри висока зграда од дрво. Тие направиле пресметки и тоа е теоретски можно, има некои големи предизвици коишто треба да се решат, но од еколошки аспект најважно е што само еден кубен метар дрво задржува еден тон CO2.

Дваесеттиот век беше ера на бетонот и челикот, сето тоа беше доминација на човекот над природата. Сега е потребна транзиција, различен став, поинаков пристап кој ќе ја негува природата. Тоа значи, добре дојде за новата ера на дрвото.

Испрати коментар

Scroll To Top