Скулптурата на Васил Чакаларов повторно се чистешe откако непознати вандали со бела боја го исфарбале споменикот кој е поставен на кружниот тек кај Католичката црква во Скопје.
Од СВР велат дека пријава за вандалско однесување нема во последниве три дена.
Од „Паркови и зеленило“ не се задолжени за спомениците во градот, но сепак тие им позајмиле возило-дигалка на Град Скопје, додека хигиеничарите биле лица од друга фирма. Минатата година Општина Центар се откажа од скапото одржување на спомениците од проектот „Скопје 2014“ , а таа одговорност ја презеде Град Скопје.