На 18-ти јануари 2017 во Загреб е одржана работилница за потенцијалот на Дунавскиот регион за искористување на „зелената“ енергија, со оглед на големата количина биомаса достапна долж целиот речен ток. Со цел да се подобри енергетската сигурност и ефикасност во овој регион, кој е дом на 100 милиони жители, презентиран е проектот Energy Barge во рамките на програмата Interreg Danube со буџет од 2,3 милиони евра.
Проектот е покренат во согласност со целта на Европската Стратегија за Дунавскиот регион за зголемување на транспортот на стоки преку Дунав за 20% до 2020 година. Исто така, цел на овој проект е поврзување на клучните чинители долж целокупниот синџир, како на пример компании за биомаса и пристамишта на Дунав, односно јавни установи и локални самоуправи. На работилницата е нагласена неопходноста од трансфер на знаење од оваа област и подобрување на соработката. Развојот на логистиката на Дунав ќе овозможи намалување на штетните емисии и воспоставување на нискојаглероден транспортен систем.