Бразилскиот архитект, David Guerra со својот тим архитекти: Jefferson Gurgel, Ninive Resende, Bernardo Hauck во 2017 ја проектираат „Куќа на долината II“ во местото New Limа – Бразил.
Кукаќата е со површина од 700 метри квадратни. Припаѓа на брачен пар со две возрасни деца кој барал локација со прекрасни и пространи погледи на сите страни. Куќата е пријатно место за семејството и прием на гости кои би циркулирале низ куќата и градината со поглед на целата панорама. Така е создадена куќа која циркулира и обемни содржини со многу светлина, кои се вкрстуваат и можат и да се изолираат и интегрираат, што лесно овозможува користење на независни простори, што била и основната идеја на сопствениците, семејството да може да ужива во просторот и приватно и интегрирано.
Погледот што се одвива на хоризонтот, заедно со градината околу куќата, вклучувајќи ја и внатрешната градина, ја прави куќата коегзистентна со пејзажот што овозможува уживање во природата.
Куќата се развива на првиот кат со социјални и рекреативни содржини. Од каде може да се види зимската градина, дневните соби, кујната, балконите, просторот за одмор и скалите кои водат до вториот кат. Собите се интегрирани во балкон, градина, кујна, при што последните две можат да бидат затворени. Кујната како срцето на куќата е отворена на четири страни, кон трпезаријата, балкононот, базенот, тремот и дневната соба.
Идејата за површините што се интегрираат носи флуидност на поврзаноста на куќа која ја прифаќа природата. Скалите што водат до вториот кат се развиваат на внатрешниот двор што доведува до вертикална и хоризонтална циркулација на продоуживањето на градината.
На вториот кат сместени се спалните соби. Сите имаат поглед на хоризонтот и приватни тераси. Родителската спална соба е со поглед на три страни и бања со градина.
За реализација на оваа современа куќа користени се природни материјали како камен, дрво, тула, цемент, што куќата ја прави удобен простор, погоден за живеење, опуштање и спомени.