Домовите на уметниците секогаш се особено интересни. Исто како што честопати размислуваат и го гледаат светот на поинаков начин, така и внатрешната декорација на нивните ентериери не е секогаш конвенционална. Еден таков пример пронајдовме во Шри Ланка, односно нејзиниот главен град Коломбо. Станува збор за проектот Pittugala потпишан од архитектонското студио на Palinda Kannangara.
Во резиденцијата неодамна завршена живее познат современ уметник со неговата сопруга, која исто така се занимава со уметноста, а она што прво ќе го забележите е контрастот меѓу зелените растенија и голите бетонски ѕидови и тули. Целиот концепт е замислен така што се вклопува во природата која го опкружува, а материјалот што доминира во мебелот е дрво.
Во врска со самата декорација, таа е многу минималистичка, без никакви вишак детали, така што оваа резиденција може да изгледа како да е луксузна куќа за одмор.