Центарот за развој на североисточниот плански регион потпиша договор за соработка со Германско друштво за меѓународна соработка за четири проекти: изградба на инфраструктура во индустриската зона во кумановското село Речица, промоција на туризмот и изработка на техничка документација за едно регионално туристичко биро во Општината Кратово, техничка документација за изградба на инфраструктура и локален пат помеѓу селата Матејче и Лопате, Општина Липково, како и за техничка документација за изградба локален пат помеѓу селата Мождивњак и Каврак,Општина Крива Паланка.
За овие четири проекти одобрени се околу три милиони денари.