Во Берлин веќе е во тек 79-та Зелена недела. На најголемиот саем за аграр и исхрана во светот се презентираат 1.650 излагачи од 70 земји. Во халите на саемот посетителите на многуте штандови можат да пробаат специјалитети од целиот свет или да разгледуваат различни растенија. Оваа година земја партнер на саемот е Естонија.
Едно од тежиштата на саемот се биолошките производи и еколошко земјоделство. Овој сектор полека се развива во мотор на пазарот на трудот. Манифестацијата ќе трае до 26-ти јануари, до кога се очекуваат повеќе од 400.000 посетители.