Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Донесен законот за гасоводната делница Клечовце – Штип

Донесен законот за гасоводната делница Клечовце – Штип

gasovod_0
Парламентот  го изгласаа Законот за реализација на инфраструктурниот проект за изградба на магистрален гасовод, делница Клечовце – Блок-станица 5, во близина на Штип, по скратена постапка. Заменик министерот за финансии Ардиан Џеладини образложи дека проектот е врз основа на преговорите меѓу претставниците од Македонија и  Русија во врска со спроведување на меѓувладината спогодба.

„Изградбата на гасоводната делница ќе опфати изведување градежни, машински, електро-работи и катодна заштита на линискиот дел од магистралниот гасовод со должина од 60,7 км, во чиј состав се седум блок-станици. Вкупната сума изнесува 75 милиони долари, што е според меѓувладината спогодба. Гасоводната делница ќе се гради по принципот клуч во рака“, рече Џеладини.

Испрати коментар

Scroll To Top