Насловна / Вести / Растот на вредноста на биткоинот негативно влијае врз животната средина

Растот на вредноста на биткоинот негативно влијае врз животната средина

За неколку години, биткоинот и другите криптовалути можат да бидат извор на значителна побарувачка од енергија во светот. Таквото сценарио би можело да ги зголеми емисиите на јаглерод диоксид, со што се поставува прашањето дали децентрализираната валута е вредна за тоа. Имено, во последните месеци брзо се зголеми вредноста на биткоинот, која пред една година беше пониска од 1.000 УСД, а до средината на октомври надмина 5.000 УСД. Денес цената на еден биткоин е повисока од 12.000 УСД. Но, освен растот на биткоинот расте и потрошувачката на електрична енергија за тргување со оваа валута. Вкупните трансакции се проценува дека трошат електрична енергија колку целата територија на Данска, истакнува Digiconomist. Ако досегашните трендови продолжат, до 2019 година потрошувачката на електрична енергија поврзана со оваа валута ќе биде еднаква на количината која ја трошат САД.

Дури и покрај силната посветеност на производство од обновливи извори на енергија, електроенергетските системи сеуште сериозно зависат од фосилни горива. Според тоа, последиците по животната средина не се занемарливи.

bitcoin

Испрати коментар

Scroll To Top