Влезните врати се повеќе од обично влегување во нашите домови, тие исто така нудат увид во личноста на сопственикот. Некои би рекле, едноставно, луѓето си избираат боја на влезната врата што оди во согласност со фасадата на куќата, без разлика дали тоа е цигла, камен, дрво, или нешто друго.
Свесно или не, изборот е направен. Сепак, што зборува изборот за вас?
Бела влезна врата: Дали сте организирани, уредни и чисти? Или, се обидувате да бидете? Шансите се големи ако вашата врата е бела. ( Или можеби живеете во заедница, зграда и немате право на избор на боја за влезната вратата).
Жолта влезна врата: светли, смели и сончеви нијанси се бираат од страна на луѓе со лидерски амбиции.
Портокалова влезна врата: радосна, жива и забавна. Портокаловата сугерира дека вие сте многу социјални и екстровертни.
Црвена влезна врата: значи внимание. Можеби ја барате или можеби ве следи насекаде. Во секој случај, не се плашите да се издвоите од останатите.
Зелена влезна врата: традиционалност. Зелената генерално претставува дека се грижите за вашиот дом и за заедницата во која живеете.
Сина влезна врата: вие сте лежерна и релаксирана личност, ги преземате работите онака како што ви доаѓаат. И другите сакаат да ве дружат заради вашата спонтаност.
Виолетова влезна врата: Ако ве привлекува да сонувате големи соништа и да преземате ризици, пурпурната боја може да биде бојата на вашиот слободен дух.
Црна влезна врата: вие сте класична, резервирана и конзервативна личност, а не следбеник на трендови и знаете што сакате.