Насловна / Архитектура / Десет години Комора на овластени архитекти и овластени инженери

Десет години Комора на овластени архитекти и овластени инженери

Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија на 18 декември, одбележа 10 години од своето постоење. На свечената прослава во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, присуствуваа околу 200 гости – архитекти, инженери и соработници на Комората.IMG_6701

„Архитектите и инженерите треба да создаваат иднина преку креирање нов технолошки поефикасен свет, но и да создадат подобри услови за работа и живот на граѓаните. Затоа, глобална водилка на понатамошниот развој е создавање автономна, модерна и ефикасна Комора, базирана на најдобрите искуства, традиција и стандарди на европските комори“, во своето обраќање порача претседателот на Комората, Проф д-р Миле Димитровски.

Според него, Комората веќе ужива голема почит во опкружувањето преку соработка во регионални, европски и пошироки рамки, но таа соработка постојано треба да се унапредува. Всушност, тоа е визијата на Комората, да се позиционира како рамноправен и релевентен член на меѓународната инженерска заедница, да биде активен чинител во развојот на инженерската струка и да ја зајакне улогата на инженерите во општеството.

„Светот е во фаза на почеток на Четвртата индустриска револуција (или INDUSTRY 4.0). Зад сцената на водечките светски индустриски и производствени компании во тек е длабока дигитална трансформација. Градежниот сектор не е исклучок и компаниите ги дигитализираат своите основни функции. Освен ова, го зголемуваат и своето портфолио на производи со дигитално функционирање со воведување на иновативни бази на сервиси“, порача претседавачот на Собранието на КОАИ, професор д-р Миле Станковски.

За професор д-р Зоран Шапуриќ, министер без ресор задолжен за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија, инженерите и архитектите даваат значен придонес во економскиот развој на државата преку нивната стручност, креативност и инвентивност.

Комората на овластени архитекти и овластени инженери традиционално додели четири именувани награди за 2017 година. IMG_6677

Добитници на наградата од оделението за архитектура, именувана „Професор Борис Чипан“ се дипломираните инженери архитекти, Миодраг Радоњиќ – Бато и Ранчо Христов од „Атеље Ајвар“. Архитекти, проектанти кои со децении работат заедно, чие творештво е со широк програмски опфат и е значаен сегмент од современата македонска архитектура.IMG_6760

Од одделението за градежни инженери, наградата именувана „Професор д-р Александар Цане – Ангелов“ ја доби дипломираниот градежен инженер м-р Влатко Коцевски. Инженерот по електротехника Дејан Петковиќ ја понесе наградата именувана „Професор д-р Станимир Јовановски“.

Дипломираниот машински инженер Алекса Томовски ја доби наградата именувана „Проф. д-р Илија Черепналковски“.IMG_6788

На прославата се доделија и други награди и плакети за заслужни инженери и архитекти, кои оставиле белег во својата професија изминатава декада.IMG_6809

Испрати коментар

Scroll To Top