Страста и совршенството во креирањето на уникатни фотографии е мотото на Leica, славниот германски бренд на фотоапарати кој, покрај култниот, има и престижен статус. Некои моменти овековечени со фотографија навистина стануваат безвременски и цврсто ни се врежуваат во меморија.
Има многу такви фотографии што биле снимени од фотоапаратите од овој бренд, кој постои повеќе од 160 години, а популарноста ни по толку години не се намалува.
Имено, и денес Leica сé уште се смета за најдобар фотоапарат за снимање на „улични фотографии“. Па, ако барате подарок за Божиќ, а во прашање е некој фан на фотографии, тогаш оваа црвена Leica – Leica M Typ 262, која доаѓа во ограничено издание, е совршен подарок.
Она што треба да го имате во предвид е цената, а таа изнесува 6.600 евра.