Архитектот Heinz Julen сам ја проектирал својата куќа за одмор во швајцарскиот град Зермат. Тоа е луксузно и раскошно стаклено здание со идиличен поглед на овој скијачки град, но тука не застанува приказната. Самата куќа е нетипична за овој крај, бидејќи е во прашање модерен отворен простор со галерија, бидејќи има висок плафон.
И додека во долниот дел е сместена зона за дружење која вклучува пространа дневна соба, кујна и трпезарија, горниот кат е резервиран за спалните соби, и тоа три. Она што привлекува внимание како „декорација“ е клавирот поставен во централниот дел, како и каминот. Со цел објектот да добие автентичен планински „шмек“, барем делумно, архитект одлучил да внесе дрво како украс.
И ако сакате и вие да се опуштите во оваа прекрасна планинарска куќа, ќе треба да одвоите 2.288 долари за една ноќ.