До крајот на 2017 година, спомен-куќата на Мајка Тереза во Скопје ќе биде домаќин на изложбата „Животното дело на Тоше“ организирана од спомен-куќата на Тоше Проески во Крушево.
На изложбата се претставени фотографии од Тоше, некои досега непознати за јавноста, како и цртежи кои на одбележувањето на 10 години од неговата смрт, на 16. октомври годинава ги насликаа студенти од Штипскиот универзитет.
Директорките на двете национални институции, Рената Кутера-Здравковска и Елена Мирчесвка, на отворањето истакнаа дека целта е да се нагласи она што ги поврзува нив како симболи на хуманост, добрина и љубов. Посочија дека Тоше беше голем следбеник и почитувач на делото на Мајка Тереза и одликуван со статуетки „Мајка Тереза“.