Насловна / Вести / Пречистителната станица за отпадни води ќе го врати биодиверзитетот на реката Струмица

Пречистителната станица за отпадни води ќе го врати биодиверзитетот на реката Струмица

DSC_0048

Во Струмица денес официјално беше пуштена во работа пречистителната станица за отпадни води. Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки се обрати на свеченоста при што нагласи дека: – Ова е прва пречистителна станица што е изградена со средства на ЕУ и која директно придонесува за заштита на површинските води и за враќање на речниот биодиверзитет. Истовремено, со неа придонесуваме и кон заштита на меѓународниот слив на реката Струмица кој го делиме со Република Бугарија, што уште повеќе го истакнува значењето на оваа пречистителна станица .

DSC_0018

На означување на стартот на работата на станицата за третман на отпадни води, претседателот на Владата, Зоран Заев, истакна дека имплементирањето на нови технологии кои истовремено ќе овозможат заштита на животната средина и правилно искористување на ресурсите се основа за долгорочен економски развој и на локално и на национално ниво.

„Во овој процес значајно е да се применуваат искуствата од ЕУ и нејзината поддршка во вакви проекти е од огромно значење за нас и јасно ја покажува нивната посветеност и желба за партнерство“, додаде Заев.

DSC_0043

Пречистителната станица за отпадни води е финансирана преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА), од делот за регионален развој – компонента три. На отворањето се обрати и Амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија, Самуел Жбогар.

„Овој проект е дел од проектите финансирани од ЕУ за модернизација на водната инфраструктура согласно стандардите на ЕУ. Во блиска иднина ќе бидат изградени дополнителни станици за пречистување на отпадните води, но паралелно со инвестициите во инфраструктурата, ЕУ исто така работи заедно со државата на реформи во секторот води, со цел да се обезбедат одржливи услуги за водоснабдување на сите граѓани“, истакна  Жбогар.

DSC_0039

Изградбата на Пречистителната станица за отпадни води во Струмица ја реализираше компанијата WTE членка на ЕВН Групацијата. WTE е водечка компанија за снабдување со вода и третман на отпадни води на пазарот во ЕУ.

DSC_0035

„Водата е еден од најважните ресурси на 21 век. Токму затоа начинот на кој го користиме овој ресурс станува многу важно прашање. Ние сме навистина горди што сме во овој сегмент лидери во Европа, а дополнително нé радува што преку овој проект имавме можност нашето знаење и искуство да го понудиме и во земјава“, истакна Франц Митермаер, член на Управниот одбор на ЕВН Групацијата.
WTE е присутна со своите проекти од оваа област во 18 европски земји.

DSC_0007

Со изградба на пречистителната станица во Струмица, како и во Кичево, Прилеп и Радовиш, постепено се исполнува обврската за изградба на 87 пречистителни станици во Република Македонија од кои 16 треба да бидат со терцијален третман на отпадните води.

 

Испрати коментар

Scroll To Top