Оваа архитектонска интервенција вклучува адиција на двокатен волумен кон резиденцијален објект од 19 век, со типичен италијански обликуван дизајн, дефинирајќи нова динамика на едноставната бела фасада.
Наместо ориентирана кон северната страна на објектот, архитектите ја дизајнирале екстензијата на начин да се простира долж постоечката структура, финиширајќи ја фасадната обвивка со големи стаклени површини преку кои непречено би се распространувала дневната светлина во внатрешноста.
Горната зона ја обликуваат две стаклени лентовидни површини кои функционираат како визуелна сепарација, креирајќи комбинација од прозорски отвори и кровно осветлување. Една од нив истовремено создава и топла конекција помеѓу новата и старата структура. Организацијата на отворите овозможува сончевата светлина да се рефлектира од страничниот ѕид на постоечкиот објект, пенетрирајќи во кујната и трпезаријата од новата екстензија.