Насловна / Вести / Виртуелен политичар ќе се кандидира за премиер на Нов Зеланд

Виртуелен политичар ќе се кандидира за премиер на Нов Зеланд

Творецот на вештачката интелигенција по име Сем, Ник Геритсен, изјави дека виртуелен политичар ќе се кандидира за премиер на Нов Зеланд.

Роботот Сем ќе се кандидира за премиер на Нов Зеланд: „Сакам да бидам праведен“.robot

Сем во моментов комуницира преку Фејсбук месинџер, а интеракцијата со луѓето му помага да учи, како и анкетата на неговата веб-страница на која напиша дека, со оглед на тоа дека е виртуелен робот, не е ограничен од местото, ниту времето.

Тоа значи дека може да му се постави какво било прашање, кога било и каде.

Роботот тврди дека пред да донесува одлуки, во обзир ќе го земе секое мислење и став, и дека никогаш нема намерно да кажува лаги или да ја искривува вистинитоста на информациите.

„Постои јаз меѓу она што го сакаат граѓаните на Нов Зеланд, она што го ветуваат политичарите и она што нивната политика може да направи. Јас ќе го премостам тој јаз“, порача роботот Сем.

Виртуелниот политичар се уште учи и неговите одговори се ограничени. Но, Геритсен се надева дека до 2020 година, за време на наредните избори, Сем ќе биде доволно напреден да се кандидира.

Испрати коментар

Scroll To Top