Европската Унија ќе го забрза проектот за електроенергетско поврзување на Ирска и Франција. Се работи за проект под името Celtic Interconnector, кој е еден од 173 приоритетни енергетски проекти на Европската Комисија, но кој е од огромна важност за остварување на енергетската сигурност во Ирска, што станува уште поважно по излегувањето на Велика Британија од ЕУ. Овој подморски високонапонски кабел ќе има капацитет од 700 MW и би требало да биде довршен до 2025 година, а ќе го гради ирскиот оператор на електропреносниот систем RTE. Досега, ЕУ има издвоено значителни средства за потребните студии и проектна документација.