Насловна / Вести / Специјално дизајнирани роботи за следење на квалитетот на морето околу Венеција

Специјално дизајнирани роботи за следење на квалитетот на морето околу Венеција

Меѓународен тим научници пред четири години почнаа истражувачки проект за следење на квалитетот на морето околу Венеција, а пред неколку месеци во погон по каналите и околу нив се пуштени специјално дизајнирани роботи, кои собираат податоци на површината, во плитките води и од морското дно.

Вредноста на проектот за кој средствата се повлечени од ЕУ-фондовите изнесува речиси пет милиони долари.

„Улогата на роботите е да го анализира и да помогне во заштитата на кревкиот екосистем на венециската лагуна: податоците се собираат и снимаат, се пренесуваат и потоа се носат до научниците на површината.

venecija roboti

Целта на проектот е да се овозможи роботите на далечинско управувње да го вршат она што научниците го прават рачно.

 

Вештачката интелигенција со време ќе стане попаметна, па роботите ќе служат и како заштита од штетници, но ќе ги евидентираат и сите промени во морето, како нови и необични извори на загадување.

Роботите во венециските канали ќе пливаат до 2019, а слични машини еден ден би можеле да се користат и во светските океани.

Испрати коментар

Scroll To Top