Насловна / Архитектура / Foster+Partners избрани за проектанти на проширувањето на аеродромот во Марсеј

Foster+Partners избрани за проектанти на проширувањето на аеродромот во Марсеј

Компанијата Foster+Partners е победник на конкурсот за проектант на новото проширување на аеродромот во Марсеј, со што аеродромот ќе има капацитет да опслужи 12 милиони патници годишно. Идејата е да се додаде нова централна зграда, паралелно со постоечката  од 60-тите години на минатиот век проектирана од страна на Fernand Pouillon, и проширувањето од 1992 дело на Richard Rogers. Најновиот проект има задача и да ги обедини постоечките објекти и новиот објект во една хармонична и функционална целина. За таа цел ќе биде изведен 22 метри висок влезен павилјон со доволно природна светлина и растенија во внатрешноста за да се креира релаксирачка атмосфера. Ова ќе биде т.н „срце“ на новиот објект (cœur).

Marseille 3

Marseille 2

Marseille 1

“Нашата цел е да направиме објект кој ќе комуницира со сите делови од постоечките згради на аеродромот и ќе го поедностави протокот на патниците. Новиот терминал ќе пружа панорамски поглед врз аеродромот и пејсажот околу него впивајќи го духот на Прованса, и ќе претставува своевиден омаж на оригиналното дело на архитектот  Fernand Pouillon”, велат од Foster+Partners.

Marseille 4

 

Испрати коментар

Scroll To Top