Насловна / Вести / Дефорестацијата е деловен ризик од 941 милијарда долари

Дефорестацијата е деловен ризик од 941 милијарда долари

Според новиот извештај на Carbon Disclosure Project, компанијата која спроведува меѓународен, глобален проект за утврдување и управување на влијанијата врз животната средина, ризиците од дефорестацијата се монументални. Имено, меѓународното работење на компаниите ризикува вложувања од 941 милијарда УСД, доколку адеквато не бидат решени последиците од дефорестацијата. Анализата е спроведена на 201 компанија ширум светот, а фокусирана е на четири добра: производи од говедско месо, палмино масло, дрвни производи и соја. Меѓутоа, дури една четвртина од компаниите одбиле да соработуваат и да ги испратат бараните информации. Притоа, 87% од компаниите биле свесни дека дефорестацијата влијае на животната средина и општеството, што е сериозна закана за профитот и предуслов за зголемени ризици во работењето. Речиси 90% од компаниите идентифукувале одржливи начини на производство, но на крајот од истражувањето, само шест компании добиле оценка „А“ за својот однос кон животната средина и примената на одржливи практики.

deforestation 1

 

Испрати коментар

Scroll To Top