Насловна / Вести / Рангирање на „најзелените“ метрополи во Европа, според сателитски снимки

Рангирање на „најзелените“ метрополи во Европа, според сателитски снимки

Глобалниот тренд на засилена урбанизација од една страна, како и загадувањето и другите аспекти кои влијаат на квалитетот на живот во урбаните средини, доведуваат до состојба кога парковите, градините и генерално зелениот простор, се поважни од кога било досега. Додека од една страна живеењето во близина на центарот на градот носи предности во однос на работата, едукацијата, здравствената заштита и културните содржини, тоа од своја страна има своја цена во однос на зголемен стрес, загаден воздух, бучава и сл. Токму затоа, истражувачот Phillipp Gärtner, го поставил прашањето за количината на зелен простор во главните градови во Европа. Со користење на метод кој ги процесира сателитските снимки, тој генерирал т.н  Normalized Difference Vegetation Index (NDVI) за 43 главни градови во Европа.

capital 3

 

NDVI анализира соодветен број снимки и мерењa врз основа на кои утврдува дали во одредена област постои жива вегетација. Заради конзистентност, анализираната област се простира во радиус од 5 милји од центарот на градот.  Според ова истражување, Скопје е во средината, односно на 22-рото место. Деталите може да ги погледнете на следниот линк: https://philippgaertner.github.io/2017/10/european-capital-greenness-evaluation/

capital2

Испрати коментар

Scroll To Top