Насловна / Вести / Објавен новиот индекс на квалитетот на воздухот во Европа

Објавен новиот индекс на квалитетот на воздухот во Европа

Европската агенција за животна средина (EEA) и Европската Комисија го објавија новиот индекс на квалитетот на воздухот во Еврпа, кој им овозможува на корисниците да го проверат актуелниот квалитет на воздухот во градовите и регионите ширум Европа. Новата интернет услуга на EEA и Европската комисија се базира на мерењата од над 2.000 станици за мониторинг на квалитетот на воздухот.

Индексот се состои од интерактивна мапа која го прикажува локалниот квалитет на воздухот на ниво на станицата која регистрира пет клучни полутанти: цврсти честички  (PM2.5 i PM10), озон (O3), азотен диоксид (NO2) и сулфур диоксид (SO2).

air quality 2

Корисниците можат да ја зголемат мапата или да направат пребарување за било кој град, со цел да го проверат општиот квалитет на воздухот на конкретна локација или пак нивот на конкретен полутант. Индексот ја прикажува вкупната оценка за секоја станица за мониторинг. Што се однесува до Македонија, сосема очекувано, мапата покажува најголема загаденост на воздухот во Скопскиот, Полошкиот и Пелагонискиот регион.

Според извештајот за квалитетот на воздухот, исто така објавен од ЕЕА, најштетниот полутант – цврстите честички предизвикале прерана смрт кај 400.000 жители на Европа само во 2014 година. Извештајот истакнува дека загадувањето има и пошироко влијание врз економијата, бидејќи ги зголемува трошоците на системот за здравствена заштита, ја намалува работната продуктивност и им штети на посевите.

air wuality

Податоците за индексот на квалитетот на воздухот може да ги погледате на следниот линк:http://airindex.eea.europa.eu/#_blank

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top