Проектантите од компанијата Vincent Callebaut Architectures се автори на ова решение со девет цилиндрични конструкции прекриени со растенија, кои се нарекуваат „мегастебла“.
Изградбата почнала во 2014 година, а целосно ќе биде завршена до 2019. Футуристичкиот комплекс во населбата Хелиополис е наречен “The Gate”, а ќе се простира на површина од речиси половина милион квадратни метри. Највисоките катови на зградите ќе бидат поврзани со пешачки мостови, а предвиден е простор и за детски игралишта, па дури и за мали градини за одгледување на овошје и зеленчук.
Богатите станари на комплексот ќе можат да уживаат во голем базен, а три ката се резервирани за трговски центар. Покрај сите овие содржини, вкупно 1000 апартмани колку што брои комплексот, ќе имаат и бројни иновативни решенија како на пример сензори за движење и сензори за прилагодување на светлината. Објектите ќе се снабдуваат во значителен дел со соларна енергија, но и со енергија од ветерот.