Насловна / Вести / Енергетските политики можат да го оддалечат Западен Балкан од ЕУ

Енергетските политики можат да го оддалечат Западен Балкан од ЕУ

Невладините организации: SEE Change Net, CEE bankwatch, WWF и Climate Action Network, минатата недела во Брисел, во Европскиот парламент, апелираа на поголеми обврски во областа на заштитата на животната средина и климатските промени во новата ревидирана спогодба на Енергетската заедница, која ги спојува земјите на Западен Балкан, Украина, Молдавија и наскоро веројатно и Грузија. Во фокусот на Европскиот парламент е политиката за клима и енергија на Унијата за периодот 2020 – 2030, која меѓу другото предвидува намалување на емисиите на стакленички гасови до 40% до 2030 година.

Ck_3ZF3UYAAbrzE

Иако земјите од Западен Балкан имаат амбиција за членство во ЕУ, а Црна Гора и Србија веќе ги почнаа и преговорите, сеуште ниту една земја не усвоила обврзувачки цели за намалување на емисиите на гасови со ефект на стакленичка градина. Случајот со Хрватска покажува со каков вид драстични промени мора да се соочат земјите, особено во областа на климата и енергетиката, на својот пат кон членството во ЕУ.

Досега, Енергетската заедница главно беше насочена на транспонирање и имплементација на ЕУ законите во енергетиката, додека во однос на животната средина усвоени се само делови од легислативата.

Испрати коментар

Scroll To Top