Гетеборг од неодамна може да се пофали со интересна интервенција што дефинитивно го разубави овој шведски град. Имено, градот доби ЛЕГО мост, чија главна конструкција е во карактеристичните ЛЕГО бои. Овој „кул“ проект го осмислил и реализирал Christo Guelov, уметник од Мадрид.
Сепак, овој мост е само дел е само почеток од еден уникатен проект наречен Let’s color Gothenburg, чија цел е да ја намали невработеноста на младите и да им се овозможи да работат. Преку овој проект, сите оние кои се занимаваат со сликарство или допрва ќе бидат, ќе им биде овозможена едуцирација со ментори – професионални сликари.