Насловна / Архитектура / Свечено доделена наградата „Андреја Дамјанов“ на архитектката Билјана Филиповска

Свечено доделена наградата „Андреја Дамјанов“ на архитектката Билјана Филиповска

Во присуство на голем број гости, архитекти од сите генерации, претставници од јавниот живот, синоќа во Музејот на современа уметност (МСУ) во Скопје беше доделена наградата за животно дело „Андреја Дамјанов“ на архитектката Билјана Филиповска.4H5A0108

Архитектот Билјана Филиповска е добитник на наградата за животно дело, особени достигнувања и личен придонес во развојот на архитектурата и градителството за 2017 година „Андреја Дамјанов“.4H5A0095

Наградата ја доделува Асоцијацијата на архитекти на Македонија.

Одлуката за наградата ја донесе петчлената комисија во состав: Радован Раѓеновиќ, д.и.а.(претседател), д-р проф.Михаил Токарев д.и.а., д-р проф.Елизабета Касапова, д.и.а., Мишо Арсов, д.и.а.  и Иван Арсовски, д.и.а.4H5A0059 4H5A0076

На свеченоста на доделувањето на наградата „Андреја Дамјанов“ говореа и Мартин Пановски, претседател на ААМ, стопанственикот Трифун Костовски почесниот член на Асоцијацијата на архитекти, архитектот Радован Раѓеновиќ, претседател на комисијата за доделување на награда и минатогодишниот добитник на наградата и в.д. директорката на Музејот на современа уметност, Мира Гаќина.4H5A0054 4H5A0071 4H5A0074 4H5A0080

На крајот архитектката Филиповска заблагодарувајќи се на наградата, рече дека е среќна што доаѓа од колегите. Во својот говор, Филиповска се наврати на нејзините најзначајни проекти во својата 40-годишна кариера, почнувајќи од првиот анганжман како дел од група на млади архитекти кои го решавале комплексот Езеро Треска, потоа за решенијата за поштите во Неготино и во Штип, кои ги работела со архитектката Ружа Јовановиќ, за искуството во изградбата на станбените објекти како зградите во Капиштец, и секако за нејзиното учество на објектот Олимписки базен во Скопје.

Филиповска го истакна како значаен сегмент во нејзиното творештво и искуството што го стекнала на градилишта во Ирак.

Архитектката Филиповска им се заблагодари на ААМ и на сите колеги со кои работела во „Пелагонија“, „Македонија  проект“, а потоа во „Студио 2000“.

Својот најзначаен проектантски професионален раст го реализира во „Пелагонија проект“, каде непрекинато работи од 1977 до 2002 година. Своето архитектонско студио „СТУДИО 2000“ го основа во 2000 година, во кое е активна до денешен ден.4H5A0103 4H5A0116 4H5A0113 4H5A0118

Архитектката Билјана Филиповска работела на неколку проекти што оставиле траен белег во македонската архитектура, вклучувајќи ги Олимпискиот базен во Скопје, Комплексот Езеро Треска, станбените кули во населбата Капиштец и други зданија. Добитничка е на Ноемвриската награда на град Скопје во 1979 година, Борбината награда за архитектура на РМ во 1979 година и на други признанија за нејзината професионална дејност.

Инаку младите присутни архитекти на свеченото доделување ги охрабри колку што е можно повеќе да учествуваат на архитектонски и урбанистички конкурси, бидејќи според неа, „конкурсите кои даваат слобода“ и архитектите тука се вистинските креатори…4H5A0119 4H5A0126

На ААМ им се обрати со повик да се врати институцијата Конкурс, односно да се уништат „тендерите“.4H5A0124 4H5A0123 4H5A0120 4H5A0104

Архитектонската изложба посветена на творештвото на архитектката Билјана Филиповска поставена и отворена е за јавноста во МСУ.

Испрати коментар

Scroll To Top