Насловна / Вести / Огромни количества на злато и сребро пронајдени во швајцарските канализации

Огромни количества на злато и сребро пронајдени во швајцарските канализации

Од часовници до артефакти и тоалети, сè од Швајцарија доаѓа како исклучитечно. Верувале или не, ова всушност важи и за канализациониот систем. Да, добро сте слушнале. Неодамна, било констатирано дека швајцарскиот систем за канализација има огромни количества на злато, сребро и други благородни метали, благодарение на индустриите кои широко ги користат во регионот.1507633344_gold story

На почетокот на минатата година, истражувачите пронашле 43 килограми злато во постројките за пречистување на отпадни води, заедно со масивните 3.000 килограми сребро. Иако само златото вреди 1,8 милиони долари, за среброто е речено дека вреди 1,7 милиони долари. Тимот на експерти исто така, пронашле траги од тантал и германиум – елементи кои широко се користат во технолошкиот и медицинскиот сектор.

Податоците се собрани од страна на научниците од Швајцарскиот сојузен институт за водна наука и технологија, кои, исто така, приметиле дека речиси 70 проценти од светското злато минува низ швајцарската рафинерија.zlato

Според групата истражувачи, „нивоата на злато или сребро се многу мали, во микрограми или дури и во нанограми, но кога ќе ги соберете се добива прилично значителен износ.“

Сепак, пред на некому на памет да му дојде идеја во стилот на Шерлок Холмс треба да знае дека сите овие количества на метал се целосно отстранети од водата пред конзумација.

Испрати коментар

Scroll To Top