Тим од истражувачи од Швајцарија работи на интересен концепт за покрив од посебно обликуван ултратенок бетон кој ќе може да ја трансформира соларната во електрична енергија. Ова е своевидно дизајнерско чудо, особено поради фактот што се користи материјал кој никако не може да с естави во контекст на соларните технологии.
Прототипот на оваа необична бетонска конструкција веќе е изработен од страна на истражувачите од ETH Цирих, еден од најпрестижните универзитети. Размислувањето зад овој проект било насочено кон создавање на конструкција која ќе биде способна да произведува енергија, и тоа многу побрзо отколку што би се очекувало.
Конструкцијата е всушност дел од еден поголем простор – HiLo станбената зграда чија изградба е предвидена за следната година. Од своја страна пак, HiLo е дел од проектот NEST (Next Evolution in Sustainable Building Technologies) каде е вклучена и зградата на Швајцарските федерални лаборатории за науката за метеријали и технологија.
Тимот од ETH го води професорот по архитектура и конструкции Philippe Block, кој е уверен дека нетрадиционалните материјали можат да се користат во креирање на одржливи енергетски концепти.