Облакодер висок 138 метри во облик на џиновска крофна, со 33 катови, е реализиран во кинескиот град Гуангџо.
Објектот, кој се наоѓа на работ на Бисерна река, е дело на италијанскиот архитект Joseph di Pasquale од миланското архитектонско студио AM Project и е новото седиште на компаниите Guangdong Hongda Xingye Group и GDPE Guangdong Plastic Exćange.
„Архитектонскиот концепт е таков што веднаш ќе биде доживеан како важен кинески ориентир, со користење на затворени и централни структури наместо вообичаените западни стереотипи за облакодерии“, вели архитектот Pasquale .
Круг со дијаметар од 50 метри ја претвора зградата во шуплив прстен, кој потсетува на крофна.
Одразот на облакодерот во реката дава фигура на бројот осум, кој е среќен број во кинеската култура и математички симбол на вечноста кој во Кина има големо значење и вредност, додаде архитектот.
Оваа форма, како што рече, на бројот на осум, и математички симбол за вечноста , која во кинеската култура имаат големо значење и вредност, додаде тој.
Предните и задните ѕидови на облакодерот се покриени со бакарни плочки, додека закривените странични ѕидови се поделени во застаклени праволиниски кутии.