Насловна / Вести / Македонски железници воведува интегриран систем за управување со енергијата

Македонски железници воведува интегриран систем за управување со енергијата

Со цел рационална потрошувачка на енергијата, односно следење и намалување на трошоците за енергија,  двете национални  железнички претпријатија Македонски железници – Транспорт и Македонски железници – Инфраструктура, се во подготовка на постапка за воведување на интегриран систем за управување со енергијата. Меѓународниот тендер за избор на компанија што ќе инсталира интегриран информативен систем за управување со енергијата ќе се распише најдоцна до крајот на годинава, информираат од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Проектот се реализира со кредит  од ЕБОР во вредност од 59 милиони евра. македонија_1

Системот кој ќе се имплементира ќе собира информации за потрошувачката на енергија од страна на двете железнички претпријатија, кои се едни од најголемите потрошувачи на енергија во земјава. Тендерот предвидува набавка на  опрема и услуги неопходни за инсталирање на интегрираниот систем, меѓу кои се и сервери и работни станици, системи за обработка на податоци, мерни единици за електрична енергија, мерачи за проток (за дизел гориво), струјни и напонски мерни трансформатори,  GPS антени и друга помошна опрема.македонија_2

Неодамна, сличен проект најави компанијата „Инфраструктура“ во составот на Хрватската железница, која обезбеди финансирање на проектот со европски пари. “Порта3“ имаше известување за овој настан, а станува збор за оптимизација на напојувањето со електрична енергија од преносната мрежа со цел зголемување на енергетската ефикасност. Проектот вреди 1,69 милиони евра, од кои 60% се обезбедени од програмата Synergy (Connecting Europe Facility – CEF).

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top