Годишната изложба на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, која се организира по 60-ти пат, ќе биде свечено отворена во петок во Културно информативниот центар, од 20 часот. По отворањето во КИЦ, присутните ќе може да се упатат во Домот на АРМ, каде што ќе биде поставката со избраните дела.
Изложбата ќе вклучи уметнички дела на 91 автор од цела Македонија. По повод годишната изложба, уметничкиот совет на ДЛУМ ќе додели признанија од областа на ликовната уметност, од кои најзначајни се наградите „Нерешки мајстори“ за сликарство и скулптура.