Насловна / Вести / Формирана работна група за следење на состојбата на амбиентниот воздух

Формирана работна група за следење на состојбата на амбиентниот воздух

На прес конференцијата одржана во прес-центарот на Владата на Р. Македонија, заменикот министер за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, информираше дека Владата на вчерашната седница формираше Интересорска работна група, од повеќе институции за следење на состојбата на амбиентниот воздух и дефинирање на соодветни препораки и мерки за подобрување на квалитетот на воздухот. Притоа Макрадули упати јавен повик за приклучување кон оваа иницијатива до сите невладини организации, еколошки друштва и здруженија на граѓани за да се дојде до што поквалитетни мерки и решенија.1

Комисијата има за цел да помогне да се промени праксата во различни области, но и да се променат навиките на сите нас, во насока на заштита и унапредување на животната средина.

Областите во кои се предвидуваат препораки, мерки и акции за намалување на загадувањето се: домашните ложишта, јавниот транспорт, мерки за намалување на загаденоста од сообракајот, градежништвото, индустриските капацитети, посоодветни и посовремени начини за третирање на отпадот преку примена на современи технолошки и иновативни решенија. Исто така, ќе се преземат мерки и иницијативи за едукација и подигнување на јавната свест кај сите нас дека сите можеме да допринесеме за намалување на загаденоста во нашата средина.

Притоа Макрадули истакна, дека акции ќе се преземаат врз основа на параметри и реални податоци, а не на бранот на некаков популизам.

Паралелно ќе се работи на подготовка на Нов национален план за заштита на амбиентниот воздух (ИПА 2 програмата). Дополнително ќе се предложат иницијативи за измена на законската легислатива за да се овозможи спроведување на дефинираните мерки како што се:зголемување на бројот на корисници на системите за централно греење, поддршка на централен систем за греење на природен гас, намалување на емисиите од загревањето на домаќинствата, како и зголемување на административните капацитети кои се однесуват на: контрола на оџаците (надлежност на Дирекција за спасување и заштита), квалитетот на цврсти горива и типови на печки (надлежност на Министерство за економија).

Што се однесува за намалување на емисиите од сообраќајот ќе се предложи:

Воведување на режим на сообраќај (Министерство за внатрешни работи, локална самоуправа).

Категоризација на возила согласно ЕУРО стандард.

Воедно ќе се предложат иницијативи за давање на субвенции за замена на стари печки и купување на печки со поголема енергетска ефикасност, за купување на возила со нулта емисија, за промена на гориво во погонот на возила од областа на транспортот;

Иницијативи за финасиска подршка за проширување на јавниот превоз со електрични автобуси и воведување на јавен превоз во поголемите градови;

Во областа на мониторинг

Проширување на Државниот мониторинг систем со мобилна мониторинг станица со која ќе се овозможи мониторинг на квалитетот на воздухот во оние градови кои не се опафтени со постоечката мрежа

Следење на суспендирани честички со големина до 2.5 микрометри – PM2.5 на дополнителни три локации (Тетово, Куманово, Битола), почнувајќи од јуни 2017 и засилен, односно почест инспекциски надзор со примена на вонредни инспекции.

 

Испрати коментар

Scroll To Top